
Последниот натпревар од 21. коло во англиската Премиер лига, пресметката во Бирмингем помеѓу екипите на Астон Вила и Арсенал заврши со минимален триумф на “топчиите” од 2:1.
Со новите три бода, популарните “топчии” повторно се искачија на лидерската позиција на табелата и повторно имаат еден бод повеќе од второпласираниот Манчестер Сити и два повеќе од градскиот ривал Челзи.
“Голема победа за нас. Доминиравме во првите 45 минути, го наметнавме нашиот стил на игра, бевме брзи, имавме совршени додавања и имавме целосна контрола врз играта и резултатот. Во вториот дел бевме сведоци на една голема борба, Вила одигра многу подобро, противникот наметна директен стил на игра”, изјави по натпреварот менаџерот на Арсенал, Арсен Венгер.