Околу 340 деца од социјално ранливите категории денеска од автобуската станица во Скопје заминаа на бесплатно зимување на Пелистер.
Децата ги испрати министерот за труд и социјална политика, Диме Спасов кој им посака убав помин.
Ова е веќе трета година по ред како Владата им обезбедува бесплатен одмор на дечињата од ранливите категории во рамките на проектот „ Бесплатен одмор и рекреација за деца од социјално загрозени категории“.
Децата ќе можат да присуствуваат на бесплатен одмор и рекрeација, своето време да го поминат во дружење, забава и културно- едукативни активности и секако да имаат едни незаборавни моменти и срeќни мигови во рамките на овој бесплaтен одмор кој трае 6 дена, изјави министерот Спасов.
Министерот истакна Влада и понатаму ќе продолжи со реализирање на овој проект овозможувајќи им на децата кои што доаѓаат од социјално загрозени семејстава бесплатен одмор и на тој начин да им се даде можност и тие да посетат одредени летни или пак зимски одмаралишта.
За време на овој зимски распуст оваа услуга ќе ја искористат околу 1.000 дечиња, а досега 660 ја искористиле. Ова е последната група што заминува и опфаќа деца од цела Македонија. Во изминативе три години во овој проект се опфатени над 6.000 дечиња.