Времето денеска ќе биде стабилно, сончево со умерена облачност и потопло. Претпладне ќе има појава на слаба магла по одделни котлини, а во попладневните часови ќе дува слаб до умерен северен ветер што ќе ја растури маглата.
Утринската температура ќе се движи од минус еден до четири, а дневната од шест до 15 Целзијусови степени.
Во Скопје времето ќе биде сончево со умерена облачност преку денот. Претпладне ќе има услови за магла, а во попладневните часови ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец.
Утринската температура ќе се спушти до два, а дневната ќе се искачи до девет Целзијусови степени.