ВИДЕО: Трагедија во Судан, се удавија над 200 бегалци

Бегајќи од теророт во Јужен Судан над 200 бегалци се удавија во реката Бел Нил на патот кон подобра иднина.

Трагедијата се случила во градот Малакал, на горниот тек на Нил.

Според информациите од портпаролот на војската Филип Агер меѓу 200 и 300 луѓе вклучувајќи деца и жени се удавиле бидејќи бродот кој бил преполн се превртел.

Во насилството кое во Јужан Судан трае од средината на декември, најмалку 1000 луѓе се убиени, а повеќе од 180 илјади луѓе останаа без дом.