
Веќе неколку пати на големо се најува „бомбата“ на лидерот на СДСМ, Зоран Заев, која за моменталната власт би значело демистификација на нејзиното наводно криминално владеење. И додека од силењето на Заев, засега останаа само празни зборови, иако неколкупати беше јавно прозван од актуелната власт, доколку има нешто, машки тоа да го изнесе на виделина. Нешто слабо се „активни“ и неговите тимови, кои требаше да бидат предводник на неговата стратегија со која ќе ја земат работата во свои раце и ќе го „превоспитат македонскиот граѓанин“ кој неколку пати наназад, на легитимни избори му ја дава својата доверба на ВМРО-ДПМНЕ.
И додека Заев и неговата дружина, очигледно се изгубени во толкувањето на тоа како да ја почнат својата „победничка стратегија“ за освојување на власта, Владата не губи време, а, всушност нема ни пречка која би и’ ја насочувала енергијата на друга страна, па така, стои верно до својата цел – подобрување на животниот стандард на граѓаните на земјава.
Додека Заев не смисли како да се сокрие зад очигледно уште едно опозициско фијаско, наречено „бобма“, Владата ги зголеми платите во администрацијата за 4%, се зголемија платите во специјалистичките установи во здравството за 19,2. Се донесе одлука за вработување на 181 лице во итните медицински служби.
Во последната една година седумнаесет (17) странски инвеститори донесоа одлука и јавно ја објавија дека ќе инвестираат во Македонија, а во периодот по изборите активно почнаа да работат, дел од нив работат на проектирање на фабричките хали, дел веќе ги градат како Техникал текстаил во Штип или како Диатек во Скопје. Веибо груп извести дека ќе започне да гради во Ранковце каде планира да вработи 5600 луѓе во период од три години по отварање на првата фабрика, бидејќи ќе градат повеќе фабрики, и ќе понуди вработување со организиран превоз на невработени од целиот регион каде е Куманово, Крива Паланка, Кратово и Пробиштип и Ранковце.
Покрај овие 17 компании, осум други компаниии по изборите до сега објавија одлука дека ќе инвестираат во нашата земја, а две големи компании кои веќе работат во Македонија со претходни инвестиции најавија проширување на капацитетите.
Две нови големи компании Капкон и Гентем во два дена објавија инвестиции.
Шест компании имаат донесено интерни одлуки да инвестираат во Македонија, немаат известено за тоа, но се’ уште ги немаат објавено.
Во странските директни инвестиции од 2006 година до сега се вработени дирекно 11 000 лица, а со следните инвестиции кои се потврдени ќе се вработат дополнителни над 13000 лица, директни вработувања, плус поголем број индиректни вработувања.
Стапката на невработеност се намали на 27,9%. само во првата половина од 2014 година е зголемен за над 13 илјади лица, односно за 2% споредено со истиот период лани. Притоа бројот на вработени во индустријата во првите девет месеци од годината забележа раст од 7,7%.
Се градат три нови автопати Демир Капија Смоквица, Скопје Штип и Кичево Охрид. Има градежни активности и се гради пругата кон Бугарија.
Се потпиша договор со ЕБОР за изградба на 4 нови значајни регионалани патни правци, експресни патишта помеѓу Штип-Кочани, Прилеп- Градско, Охрид-Пештани, и Струга-Требениште, 160 милиони евра инветиција. Првите два почнуваат средината на наредната година, вторите два крајот на наредната година дотогаш се подготовките на проектите и процедурите за избор на изведувач.
Владата објави нов оглас за вработување на лица без родителска грижа и деца без родители.
Се спроведува проектот за отпис на долгови, проектот Купи куќа купи стан под олеснети услови.
Гасификацијата на Скопје, секундарната гасификација е во напредна фаза на подготовки, две компании влегоа во вториот круг и сега низ конкурентен дијалог работиме на финализирање на процесот. Наскоро следува и секундарната гасификација на источна и на западна Македонија.
Индустриското производство континуирано расте 14 месеци, без прекин, и во првите десет месеци од годината забележа раст од 5,1%, како резултат на растот на преработувачката индустрија од 10,4%.
Девизните резерви на крајот на октомври 2014 година изнесуваа 2.429 милиони евра, што претставува раст од околу 22% споредено со состојбата на крајот од 2013 година.
Со паралелниот увоз на лекови се направи заштеда од 5,8 милиони евра. Со ставање ред и транспарентност во набавката на инсулинот уште 3,6 милион евра, а тендерот кој е во тек третиот тендер за набавка на лекови каде што повторно имаме паралелен увоз, очекуваме 3-4 милиони евра заштеда, вкупно околу 14 милиони евра заштеда, без притоа да се нанесе било каква штета за пациентите, да се намали квалитетот на некој лек, напротив истите слекови со истиот квалитет, со заштеда од 14 милиони евра. Овие пари се планира да се инвестираат во реконструикција на Битолската болница, темелна реконструкција на Прилепската болница, во нов ургентен центар во Куманово, во нова опрема во клиниката Свети Наум Охридски во Скопје и во други болнички и клинички капацитети.