Американец претепал скопјанец

Ноќеска, три часа по полноќ  на улица „Кеј 13-ти Ноември“ физички бил нападнат М.А.(32) од Скопје.

По преземени мерки во Полициска станица бил приведен  Д.Б.М.(27) државјанин на САД поради постоење сомнение дека е сторител на физичкиот напад. По целосно документирање на случајот против истиот ќе биде поднесена соодветна пријава.