
Десет лица загинаа во бомбашки напади во близина на Багдад, соопштија ирачките власти, јави МИА.
Претставници на полицијата изјавија дека бомба експлодирала на трговска улица во градот Мадаин, на околу 20 километри југоисточно од Багдад, при што загинале четири лица, а девет се ранети.
Во северното предградие на Багдад, Таџи во експлозија на бомба во близина на продавница загинале три лица, а 11 се ранети. Во западно предградие на Багдад воена патрола налета на бомба, поставена на патот, при што загинаа тројца војници, а шест се ранети.