Поради обилните врнежи на снег поголем број автобуски линии на Јавното сообраќајно претпријатие ЈСП Скопје од изутринава функционираата на скратена траса.
Автобуски линии кои функционираат по скратена траса се: 11Т.Центар – с.Рашче (До пругата Ѓ.П.),- 17А нас. Островска – Касарна Илинден (До Панда), 21 Транспортен Центар – с.Бардовци (Не оди за конак), 47 Т.Центар – с.Љубанци (До Радишани), 47А Т.Центар – с.Љуботен (До обиколница Љуботенски Пат), 55 Т.Центар – с.Арачиново (Пред с. Арачиново), 56 Т.Центар – с.Бојане (До расадник), 56А Т.Центар – с.Копаницa (До подвозник), 58А Т.Центар – с.Добри Дол (До Кисела Вода), Т.Центар – с.Брзовец (До Кисела Вода), 58 Т.Центар – с.Св.Петка (До Кисела Вода), 59 Карпош 3 – Гр. Бутел – К. Бара (До коцката), 60 Т.Центар – Г.Матка (До с.Глумово), 61 Т.Центар – с.Побожје (До Каменолом), 64А Т.Центар – с.Кучково (До с.Волково), 65 Т.Центар – с. Раштак (До с. Стајковци), 65г Стајковци – с.Виниче (До с.Црешево), 67 Т.Центар – с. Зелениково,Н.Село,Страхојадица ( за Н.Село до Зелениково), 68 Т.Центар – с. Сушица (Не оди за с.Винце), 71 Центар- с. Бањани (До с.Мирковци по коцката), 74 Т.Центар – Д. Количани,Г.Количани (До дрвара Драчево), 81 Т.Центар – Чучер – Блаце (До с.Чучер), Транспортен Центар – Милениумски Крст (воопшто не сообраќа).
Од град Скопје информираат дека станува збор за повеќе приградски линии, а во градското подрачје засега нема информации за скратување или прекин на трасите на автобуските линии.