Еве кои болници ќе работат за празниците

Службата за ИМП со домашно лекување во состав на ЈЗУ”Здравствен дом на Скопје”-Скопје, ги известува сите граѓани дека за време на Новогодишните празници ќе даваат здравствени услуги во текот на 24 часа, со 22 медицински тима за ИМП и 8 дежурни ординации во Поликлиниките.

Со оглед на временските неприлики и претстојните прослави на Новогодишните празници, Службата ги дава следните:

П Р Е П О Р А К И
– Редовно земање на терапија кај хроничните болни,
– Да не се излегува надвор без неопходна потреба заради ниските температури и лизгавите површини со цел да се избегнат евентуалните повреди и скршеници,
– При излегување надвор да се носи топла облека и соодветни обувки како и да се консумираат топли напитоци,
– Умерено користење на алкохолни пијалоци како би се избегнале несаканите последици-алкохолни труења, тепачки и сообраќајни незгоди,
– Посебно се апелира до младата и малолетна популација за некористење на алкохолни пијалоци заради нискиот праг на толеранција кон алкохолот,
– Воздржување од користење на разни пиротехнички средства и огнострелно оружје заради избегнување на несакани повреди, изгореници и други потешки последици.

Вработените од Службата за ИМП искрено се надеваат на беспрекорно почитување и придржување кон дадените препораки како би можеле Новогодишните празници да се дочекаат во весело и пријатно расположение за сите.

Повикајте итна медицинска помош кога Ви е најпотребно.