Најголемата фолк ѕвезда во Србија, Светлана Цеца Ражнатовиќ, денеска го посетила гробот на својот покоен сопруг, Жељко Ражнатовиќ Аркан, кој пред 14 години беше убиен во хотелот „Интерконтинентал“.
Четиринаесетгодишниот помен одбележан е денска во 12 часот. Цеца на гробиштата пристигнала со својот син Вељко и сестра и Лидија. На гробиштата биле и сестрата на Аркан, кумот Борислав Пелевиќ и неговите соборци.
„Аркан е присутен секој ден во мојот живот, секој ден се’ повеќе ми недостига“, изјавила пејачката за „Ало“.
Но пејачката пропуштила во денешните весници да објави некролози за Аркан.
Свои некролози за Аркан објавиле кумот Борислав Пелевиќ со семејството, припадниците на гардата, како и „неговите сестри, синови и ќерки“.