Зошто се криеле во гаражата, Александра беше дел од семејството

Само парче од лентата Стоп полиција падната во снегот стои пред вратата на куќата со број 13 во скопски Припор каде се случи голема трагедија во која згаснаа два млади животи. Како што пишува Дневник, само неколку часа откако заедно ја дочекале 2015, Александра и нејзиното момче Димитар трагично ја завршиле својата долгогодишна врска. Тие влегле во гаражата од куќата, и во автомобилот опел корса воделе љубов, по што згаснаа нивните животи.

Вчера во куќата на момчето беше семејството и пријателите. Сите велат дека се потресени и несфатливо е како ова можело да се случи.

– Не знам зошто воопшто биле во гаражата. Александра беше како дел од семејството. Немало потреба да се кријат. Не знам што се случи, шокирани сме, вели пријателка за Дневник.

Соседите на починатото момче велат дека Александра и Димитар прославиле Нова Година во стан во Кисела Вода. Продолжила со другар до дома, а откако го оставиле во седум часот се упатиле во гаражата. Влегле во автомобилот кој и понатаму работел, најверојатно за да се стоплат, а тоа било кобно за нив.

– И двајцата беа фини и воспитани деца. Димитар работеше како дистрибутер. Долго беа во врска, вели сосед.

Инаку, безживотните тела ги пронашол братот на Димитар во 13 часот откако неколку пати им ѕвонеле на телефон но никој не се јавувал.