Настрадаа петмина пожарникари во Кина

Петмина пожарникари загинаа, а 13 се повредени кога врз нив се урна таван во еден магацин додека се обидувале да го угасат пожарот, јавуваат кинеските медиуми, пренесе МИА.

Пожарот избувнал синоќа, во магацин за керамички производи во градот Харбун, во северниот дел на Кина.

Пожарникарите дошле да го изгаснат огнот, а кога се качиле на вториот кат, врз нив се урнал таванот.

фото: МИА