
Иако изминатава недела температурите во градовите ширум земјава беа далеку под нулата, веќе од наредната недела се очекува затоплување и сончево време.
Најтопло се очекува да биде на четиринаесетти јануари кога максималната дневна температура ќе достигне 10 степени над нулата. Топлото време е предвидено да се задржи до деветнаесетти овој месец, кога воедно е и еден од најголемите христијански празници Богојавление – Водици.
Веќе по дваесетти јануари повторно не очекува облачно време.