Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави дека одлуките кои ќе се донесат во рамките на мировната конференција „Женева-2“ треба да бидат плод на меѓусебен договорм помеѓу земјите во сирискиот конфликт, пренесе „ИТАР-ТАСС“.
„Одлуките што ќе бидат преземени во рамките на мировната конференција треба да бидат плод на договор меѓу земјите во сирискиот конфликт и на никаков начин и од никој не треба да бидат наметнати на учесниците на конференцијата“, истакнаа од името на рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров од руското Министерство за надворешни работи.
Сергеј Лавров ќе се сретне утре со сирискиот министер за надворешни работи Валид Муалем во Москва. Тие ќе разговараат за детално спроведување на мировната конференција „Женева-2“.