Жоан Бареда стигна до третата етапна победа на овогодинешното издание на релито Дакар, откако успешно го мина специјалот долг 371 километар, возен во рамките од десетата етапа од Калама во Чиле до Салта во Аргентина.
Возачот на Хонда имаше една минута и 39 секунди подобро време од шпанскиот возач на КТМ Марк Кома, кој во генералниот пласман е лидер со седум минути и 35 секунди предност во однос на Паоло Гонсалвеш од Хонда. Тој десетата етапа ја заврши на петото место.
Во конкуренцијата на автомобилистите, нова, четврта победа забележа возачот на „Мини“ Насер Ал Атија.
Со оваа победа Ал Атија ја задржа предноста во генералниот пласман на 28 минути и 22 секунди пред возачот од Јужна Африка Жиние де Вилијер.