
Најплатените естрадни ѕвезди во Србија почнале да добиваат повици од Даночната управа за да го пријават својот имот и хонорарите, а вчера кај инспекторите на разговор биле повикани Јелена КАрлеуша, Мирослав Илиќ и Рада Манојловиќ, објави српски Курир.
Според сознанијата на весникот, повик за разговор добиле и Марија Шерифовиќ и Снежана Ѓуришиќ, тие не се појавиле.
Според грубите проценки српската естрада годишно затајува и до 87 милиони евра и тоа така што не ги пријавува вистинските приходи, големите вили, јахтите, хонорарите и недвижностите.
Но, српските власти се надеваат дека по овие разговори тоа повеќе нема да биде пракса.