
Три патнички возила биле опожарени ноќеска во 02,15 часот на улица Владимир Комаров во Скопје.
Возилата се марка „опел“ сопственост на В.В.(52) и „фиат“ во сопственост на фирма од Скопје.
Пожарот е локализиран, а увид ќе се изврши во текот на денешниот ден.