За штрајкот, СОНК нема поддршка ни од училиштата во Велес

Училиштата во Велес нема да го поддржат најавениот штрајк на СОНК, изјави денеска на прес-конференција  градоначалникот на Велес Славчо Чадиев, кој го пренесе ставот на директорите на основните и на средните училишта во градот со кои денеска имал средба.

– Информиран сум дека во сите училишта во Велес наставата започнува на 20 јануари. Ова им го соопштувам на сите родители кои се интересираа и се јавуваа деновиве во Општината, рече Чадиев.

Тој соопшти и дека ако СОНК, сепак, одлучи да штрајкува, според законските решенија општината има подготвено замени за професорите кои ќе го поддржат штрајкот. 

– Ако било каде се појави некаков застој, ние сме подготвени согласно Законот да најдеме замена за тие професори, рече Чадиев.