
Најдобрата американската скијачка Линдзи Вон претрпе втора операција на десното колено, кое го повреди по страшниот пад што го имаше пред крајот на минатата сезона.
Таа подолг период се опоравуваше, а кога се врати на скијачките патеки повторно почувствува болки, поради кои мораше да замине на уште еден хируршки зафат.
„Операцијата мина успешно и сега се одморам. Им благодарам на сите луѓе кои ми дадоа поддршка, а во кревет сум со моето куче Лео“, истакна Линдзи Вон.