Жителка на канадската провинција Квебек, почина како последица на штрајк со глад, кој го почна како протест против обвиненијата кои беа покренати против неа за убиство на нејзините три деца.
Во конфликтот со нејзиниот поранешен сопруг за старателство на трите деца Соња Бланшет ги убила двете ќерки и синот на возраст меѓу две и пет години. За тројното убиство беа покренати обвиненија кон крајот на 2012 година и оттогаш Канаѓанката е во притвор.
Во петокот требаше да биде закажан датумот на процесот против неа. Таа почина во болница.