
Али Ахмети доживеал сообраќајна на магистралниот пат Кичево-Гостивар и итно е префрлен во тетовската болница, објавија албанските медиуми.
Сообраќајката се случила кај наплатната рампа во близина на Тетово, кога патничко моторно возило „Ауди“ со скопски регостарски таблици удрило во банкина и излетало од патот, по што се запалило, информираат од МВР.
Во сообраќајната несреќа возачот на „Аудито“ е потешко повреден, додека Ахмети поминал со полесни повреди. Двајцата се пренесени во Клиничката болница во Тетово.
ФОТО: Tetova 1.com