Високиот комесар на Обединетите Нации, задолжен за прашањата за бегалците, Антонио Гутериш изјави дека е од витална нужност сириските мировни преговори, што ќе се одржат следната недела, да доведат до политичко решение на сириската граѓанска војна, пренесе „АФП“.
Гутериш упати нов апел до меѓународната заедница да помогне при ублажување на огромниот товар врз земјите што згрижоле милиони сириски бегалци.
„Хуманитарно решение за овој проблем нема. Решението е политичко“, истакнал тој за време на состанокот во Турција со претставници на земјите што ги згрижиле сириските бегалци.
„Затоа е особено важно да се испрати јасна порака до меѓународната заедница, што ќе се состане во Женева следната недела, дека од клучна потреба е да се запре крвопролевањето и да се најде политичко решение“, рече високиот комесар на ОН.
Средбатабеше одржана во бегалскиот камп „Харан“ на границата со Сирија. Во неа учествуваа претставници на Египет, Ирак, Јордан и Либан.