Република Македонија во текот на вчерашниот ден беше погодена од големо невреме, кое нанесе штета во голем дел од општините во земјата.
Ова е целосен извештај за штетата, прекините на електрична енергија и проодноста на патиштата низ погодените општини, кој го пренесува Дирекцијата за заштита и спасување.
ГЕВГЕЛИЈА
Патниот правец за с. Милетково – с. Миравци е во прекин и се поплавени земјоделски површини
Излеана е река Зуица и река Петрушка
прооден е патниот правец за с. Моин
Водата се повлекува
КРИВА ПАЛАНКА
Зголемено е нивото на Крива Река, надојдени пороите во суводолиците и во 16.00 часот било 95 см.
Од ЕЛС ангажиран скип и 5 луѓе одрони има на повеќе места.
Селата Огут и Нарав се отсечени ( патот е непреоден )
Село Дренак нема струја
Загрозена е една куќа во Кр. Паланка од Дурачка река – куќата е заштитена со заштитен насип
Од ЕЛС се формирани 4 групи за извидување на теренот.
Во општина Ранковце излеана е Крива Река и поплавени се земјоделски површини.
Водата се повлекува
КУМАНОВО
Зголемено е нивото на р. Пчиња повеќе од 50см и постојано се зголемува заради врнежите од дожд во Србија.
ЕЛС има ангажирано една машина за интервенција на теренот
Поплавен е Меморијалниот Центар АСНОМ и дадени се 3000 вреќи од ДЗС
Крива Река кај Јачинце и Довезенце е зголемено ниво и има поплавени викендици и земјоделски површини
Водата е повлекува
ПРОБИШТИП
На регионалниот пат Киселица – Злетово настанато е клизиште во должина од 15 м. Македонија Пат е излезена на терен а во моментов сообраќајниот пат на овој патен правец е во прекин.
На регионалниот пат Пробиштип – Св. Николе кај мостот на с. Петришино излеана е реката Киселицва во должина од околу 15 каде сообраќајот се одвива отежнато
На Злетовска река подигнато е нивото на водата но и на критичните места се уште нема опасност од нејзино излевање
Во моментот е прекинат сообраќајот кон селата Драч и Бунеш урнат е дел од патот кој се поврзува со мостот кај селото Ратавица. Локалната самоуправа презема мерки времено санирање на настанатата состојба – ќе се прави импровизиран мост за премин на луѓе.
Водата се повлекува
РАДОВИШ
Реката Сушица во долниот дел на градот Радовиш има поплавено дваесетина стопански објекти
Нивото на Радовишка река во градот е многу високо по обилните врнежи од дожд и град, но се уште не е излеана.
Во Општина Конче двете реки (Конечка и Крива Лакавица) се надојдени и во долниот тек под селото Конче се прелева на мостот и патниот правец не е прооден.
ЕЛС презема мерки со сопствена механизација за санирање на состојбата.
Општина Конче ќе достави барање за ангажирање на утоварна лопата и еден камион од ДЗС.
Утре почнува да работи утоварна лопата и камион од ДЗС
Водата се повлекува
КОЧАНИ
Од водите на Кочанска река постои опасност да се излее кај селото Подлог со што ги загрозува оранжериите на фирмата Зелена куќа. ( прекопан пат и заштитени се оранжериите )
Ободниот канал е излеан кај село Бање – водата се излева по земјоделските површини и не прави некој поголем проблем.
Во м.в. Белско маало во Кочани има надојдено суводолица и носејки кал и камења ги има наполнето шахтите и водата прави проблем по улиците и дворовите. Ангажирани се вработени од ЈП Водовод.
Водата се повлекува и нема потреба од ангажирање на механизација од ДЗС.
НЕГОТИНО
ЕЛС-Демир Капија – нивото на реката Бошавица е многу големо и има вода по улиците Партизанска и ул.Тиквешка. Се работи со механизација за да се врати водата во коритото.
Во Специјалниот завод Демир Капија биле поплавени подрумските простории каде што со пумпа од ТППЕ-Неготино се исрцрпи водата.
мостот ( пропуст со една цевка ) меѓу селото Војшанци и селото Бистренци го однела вода и на неколку куќи биле поплавени подрумите.
Водата се повлекува
ШТИП
реката Отиња има зголемено ниво и е интервенирано од ЕЛС со поставување на вреќи со песок на кривината кај Црквата.
Реката Лакавица е излеана по земјоделски површини .
Нивото на река Брегалница е на максимално ниво и има излевања на некои места.
Браната Мантово се излева околу 80 лит/сек преку круната на браната и има поплавено земјоделски површини.
Во општина Карбинци се има излеано Козјачка река и има оштетувања на патниот правец .
ДЗС активира градежна Машина Багер за правење на одбрамбени насипи и расчистување.
Водата се повлекува
Напомена: Состојбата е стабилна и водата се повлекува
Во периодот до 22:00 часот според податоците од подрачните одделенија на Дирекцијата за заштита и спасување водите се повлекуваат во своите корита и состојбата се стабилизира – нема нови излевања. Преку дирекцијата се ангажирани градежни машини за справување со непогодите – во Штип градежна Машина Багер за правење на одбранбени насипи и расчистување, во Радовиш утоварна лопата и камион.
Дирекцијата за заштита и спасување преку своите подрачни одделенија ја следи состојбата во републиката, со постојан контакт со локалната самоуправа и е подготвена да во случај да има потреба активира дополнителна механизација за отстранување на последиците од врнежите.