СВР Струмица поднесе кривична пријава против П.Д.(30) од Куманово и В.С.(29) од с.Цера-Македонска Каменица, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на безвизен режим со државите членки на Европската унија и Шенгенскиот договор“ во врска со „соизвршителство“.
Во текот на март 2013 година, П.Д. ги поттикнал и ги организирал А.С. и Д.С. од с.Просениково за сума од по 130 евра по лице да заминат во Германија со цел да се пријават како баратели на азил. По ова, пријавените со возило „ивеко“ ги транспортирале до Германија.