Сообраќајот на сите државни патишта во Македонија се одвива по наместа влажни коловози. Слаб снег провејува во Битола и Ресен, како и на планинските премини Буково и Ѓавато.
Поради појава на магла, видливоста на планинскиот премин Стража е до 100 метри, известува АМСМ.
Штетата на мостот на патниот правец Радовиш – Штип е санирана а сообраќајот се одвива наизменично. Сообраќајот на патниот правец Демир Капија кон с. Корешница е нормализиран. Забраната за движење, поради свлечиште, на патот Киселица – Злетово во општина Пробиштип се уште останува. На регионалниот пат Р2232 кај Глобица во непосредна близина на пробиштипското село Ратавци сообраќајот е се уште во прекин.
Поради надојдените води од реката Крива Лакавица во прекин се патните правци кон с.Степанци и с.Суво Грло.
Сообраќајот на патниот правец Р1401, клучка Марвинци – Гевгелија е во прекин поради излевање на Вардар.
Воведена е забрана за движење на тешки товарни возила над 7,5 тона и автобуси, на патниот правец Р2136 Ржаничино – Д.Коњаре, поради оштетување на средниот столб на мостот на река Пчиња.