Неколку скопски улици утре без вода

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по известувањето добиено од ЈП Водовод и канализација,  известува  дека поради отстранување на уличен дефект на водоводна цевка  со пречник ф-80мм, утре,  на ул. Коле Неделковски бр. 32, од 09:30 часот па до завршување на  интервенцијата, без вода ќе бидат корисниците од  ул. Коле Неделковски, ул. Мирослав Крлежа, ул. Дебарца и објектот на основното училиште – Коле Неделковски.