Атлетико Мадрид “падна” пред Барселона – “каталонците” се пласираа во полуфиналето на Кралскиот куп

Тимот на Барселона успеа да се пласира во полуфиналето на Кралскиот куп на Шпанија, откако и во реваншот забележаа победа против Атлетико Мадрид.

“Каталонците” славеа со 2:3, во натпревар каде првото полувреме беше вистински трилер, спектакуларно, со многу убави потези, голови и тензија.

Атлетико Мадрид поведе преку Фернандо Торес уште во 1-та минута, но Нејмар израмни само 8 минути подоцна. Атлетико уште еднаш поведе во 30-та минута преку Раул Гарсија од пенал, но Барселона повторно израмни 8 минути подоцна, со автоголот на Миранда. Веднаш потоа Нејмар со вториот негов гол го донесе својот тим во водство од 2:3, а се што успеа да направи Атлетико до крајот беа двата црвени картони, кои ги заработија Габи и Суарез.