НБА: Лејкерси славеа против Чикаго и ја прекинаа губитничката серија

Кошаркарите на Чикаго Булс продолжуваат со трендот на прекинување противнички серии – победнички и губитнички.

На претходниот натпревар тие го победија Голден Стејт и ја прекинаа неговата серија од 19 победи по ред на домашен терен, а синоќа загубија од ЛА Лејкерс, со што пак ја прекинаа нивната серија од 9 едноподруго порази. Интересно е дека и на двата натпревари кошаркарите на Чикаго играа продолженија.

На синоќешниот натпревар “лејкерси” славеа со 123:118 дури по две одиграни продолженија, а најзаслужен за триумфот на домашните беше Џордан Хил со 26 поени и 12 скокови, додека најефикасен на натпреварот беше бекот на Чикаго, Џими Батлер со 35 поени, кои беа недоволни за победа на неговиот тим.

НБА Резултати:

ЛА Лејкерс – Чикаго 123:118
Мемфис – Денвер 99:69
Индијана – Њујорк 103:82
Орландо – Милвоки 100:115