
Тешка сообраќајна несреќа се случила на регионалниот пат Струга-Дебар, пред Струга околу 10:30 часот. Автомобил „Мерцедес“ со струшки регистерски таблички во кој имало четворица патници утринава излетал од патот и се превртел.
Порталот Курир повикувајќи се на изјава на портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски пишува дека за среќа ниту еден од патниците не е повреден, а причинета е само материјална штета.
Автомобилот најверојатно поради неприлагодена брзина излетал од патот, удрил во железен столб и се превртел.
ФОТО: Ѕид на собраќајниот срам