Надојдената вода во реката Брегалница ноќеска помина низ Штип без посеризно да го загрози градското подрачје. Реката се излеа на повеќе места во Чешиново Облешево каде што поплави земјоделски површини.
Поради прелевање на најголемата вештачка акумулација во источна Македонија – Калиманци, се зголеми нивото на водата во реката и се очекуваше до раните утрински часови да го достигне својот врв.
Кризниот штаб за справување со кризи синоќа беше во штипското подрачје и беа преземени сите неопходни мерки за да се спречат посериозни последици.
Во источна Македонија беше прогласена вонредна состојба, а беше побарана и итна евакуација на населението кое живеее во близина на корито на Брегалница, почнувајќи од виничкото село Истибања, Кочани, Чешиново-Облешево и Штип.
Поради ситуацијата во источна Македонија денеска во Скопје состанок ќе одржи Координативното тело за справување со кризи.