Јуве гази се пред себе, Сидорф дебитира на Сан Сиро

Тимот на Сампдорија е најновата , 12 жртва по ред на актуелниот шампион на Италија, Јувентус. Избраниците на Антонио Конте на најдобар може начин ја искористија предностана домашниот терен и со сигурниот триумф од 4:2 на најдобар можен начин ја продолжија победичката серија.

Неделните натпревари од 20. коло во италијанската Серија А, ќе поминат во знакот на официјалното деби на новиот тренер на Милан, Кларенс Сидорф.

Популарните “росонери” ќе се обидат да ја искористат предноста на домашниот терен во првенствената пресметка против новајлијата во елитното друштво, тимот на Верона.

Моментално третопласираниот тим на табелата, Наполи, важи за благ фаворит пред гостувањето во Болоња, а според последните информации кои пристигнуваат од Италија, натпреварот од првата минута најверојатно ќе го започне и поранешниот репрезентативец на Македонија, Горан Пандев.

Денеска на програмата:
Удинезе – Лацио,
Аталанта – Калјари,
Болоња – Наполи,
Катанија – Фиорентина,
Киево – Парма,
Џенова – Интер,
Сасуоло – Торино,
Милан – Верона.