Каде можете да донирате за настраданите од поплавите

Обилните врнежи кои ја зафатија Македонија предизвикаа поплави во одредени делови. Најпогодени од дожовите во моментов се источниот и пелагонискиот регион. Македонските општини сериозно ја сфатија работата и веднаш започнаа со собирање на помош на настраданите во поплавите.

Отворени се телефонски броеви на сите три мобилни оператори. Ова се броевите на кои можете да донирате 100 денари. Владата веднаш се откажа од предвиденото 18 отстотно ДДВ.

070 143 400
072 143 400
077 143 400

Акцијата за донирање ја започна Црвениот крст. Во моментов тие имаат поставено свои пунктови во:

Пред Црвениот крст на Република Македонија
Пред Домот на хуманитарни организации „Даре Џамбаз“
Во ОУ „Ѓоргија Пулевски“ – општина Аеродром
Пред општинската организација на Црвен крст Карпош
Пред општинската организација на Црвен крст Чаир
Пред ТЦ Скопје Сити Мол

Во изминативе денови со свои хуманитарни акции започнаа неколку општини меѓу кои и Карпош, каде во 14-те урбани единици се отворија пунктови за донација на облека, храна, хигиенски средства и вода.

Меѓу општините кои донираа за поплавените подрачја, освен општината Карпош се и Кавадарци, Велес, Аеродром и м ногу други.

Град Скопје, во поплавените подрачја ја испрати механизацијата со која располага во Новаци, општината која е најпогодена и во која мораше да се сече регионалниот пат со Битола за да не се поплави селото. Во првиот бран од поплавите кои го зафатија источниот дел на државата, Градот испрати помош во Штип.

Градот Скопје испрати три цистерни за влечење на вода со две моторни пумпи со голем капацитет за испумпување вода (7800 и 1200 литри во минута), како и една цистерна со вода за пиење. Со техничката помош во општина Новаци е испратена е и екипа од 12 лица од Штабот за заштита и спасување на Град Скопје.

Освен, општините, со свои донации се појавија и голем број на компании меѓу кои и „ЕВН Македонија“, „Пелистерка“, „Еуростандард банка“ и други.

Македонците од сите делови на државата преку граѓански здруженија масовно донираат за поплавените.

Кон акцијата за донација се приклучија и младите од политичките партии. УМС на ВМРО ДПМНЕ организираше и донација насловена како „Од младите за истокот“.

Помош во поплавените подрачја стигнува од сите страни. Денеска во Штип пристигна и поголема донација како од домашни, така и од странски фирми.

Во првите 24 часа собрани 619.000 денари

По отворањето на телефонските линии за донациии на трите мобилни оператори во Македонија, во првите 24 часа, односно до 04.02 се собрани 619 илјади денари.

Акцијата за донирање преку телефон сеуште трае, а хуманите луѓе веќе и се „откажаа од дневното кафе“ за да донираат.

Хрватска со помош за Македонија

Од земјите од Балканот, Хрватска е првата земја која отвори жиро сметка за помош на македонското население кое беше зафатено од поплавите. Хрватска отвори сметка во Загребачка банка.

unnamed

На социјалните мрежи веќе се појавија слики и видеа во кои се прикажуваат фотографии од поплавените подрачја на кои се испишани телефонските броеви за донација.

Ова е едно од тие видеа, објавено на фејсбук страната Македонија-Macedonia