Сириец пронајден мртов на пруга кај Демир Капија

Дваесет и четиригодишен Сириец загина на пругата кај Демир Капија, соопшти полицијата.

Во полициската станица во Неготино било пријавено дека на железичката пруга на излез од Демир Капија кон Неготино било пронајдено безживотно тело, а по извршениот увид надлежните утврдиле дека се работи за 24-годишниот Сириец.

Од полицијата информираат дека телото на починатиот е предадено за обдукција.