Отворање на новата фабрика на „Џонсон контролс“ во индустриската зона во Штип

Во Технолошко индустриската развојна зона во Штип денеска ќе биде отворена новата фабрика на компанијата „Џонсон Контролс“.

Фабриката се простира на површина од 12.000 метри кавдратни, ќе вработи над 1.400 лица, а во неа се инвестирани 20 милиони евра. Ќе произведува автомобилски седишта и навлаки.

На отворањето на фабриката, како што е најавено, ќе присуствуваат претставници на „Џонсон Контролс“, на Владата на Македонија и на Амбасадата на САД.

Ова е втора фабрика на „Џонсон Контролс“ во Македонија. Првата е лоцирана во индустриската зона „Бунарџик“.

„Џонсон контролс“ е светски гигант за производство на опрема за автомобили. Присутна е во 150 држави и има вкупно 154.000 вработени.