Американскиот претседател, Барак Обама, ја даде својата поддршка за легализација на марихуаната, кој според него е само лош порок и навика.
„Јас пушев марихуана како мал, и мислам дека е лоша навика и порок, но не е многу поинаква од цигарите кои ги пушев во најголем дел од животот. Не мислам дека марихуаната поопасна од алкохолот“, изјави Обама во разговор со списанието „Њујоркер“.
Обама воедно обвинува за расизам во спроведувањето на забраната на користење на марихуаната.
„Децата од средна класа не одат во затвор за пушење марихуана, додека сиромашните деца одат. А, Афроамериканските и Латиноамериканските деца почесток се сиромашни, и ги немаат ресурсите потребни за да ги избегнат долгите затворски казни“, вели Обама.
Оваа година уште две американски држави Вашингтон и Колорадо, дозволија продажба на марихуаната во одобрени продавници, а со тоа бројот на држави кои ја легализираа марихуаната се искачи на 21.