
Земјотрес со интензитет од 6,3 степени го погоди Нов Зеланд, поради што железничкиот сообраќај е во прекин.
Епицентарот на земјотресот бил на Северниот остров на околу 115 километри североисточно од престолнината Велингтон.
Земјотресот се случил на длабочина од 27 километри и можел да се почувствува и на Северниот и на Јужниот остров.
По првиот потрес, се случи серија помали потреси, што е вообичаена сеизмичка активност.
Нов Зеланд се наоѓа на границата на австралиските и пацифичките тектонски плочи, формирајќи дел од таканаречениот „Огнен прстен“.
Во разорниот земјотрес во 2011-та година, чиј интензитет беше 6,3 степени, во градот Крајстчрч во Јужниот остров, загинаа 185 лица.