Најниски температури во Македонија во седум часот изутрината се измерени во Маврово, – 15 степени целзиусови, -14 во Лазарополе, -12 во Крушево и Берово. Минус девет степени се измерени во Крива Паланка и Претор, – 8 во Битола, – 7 Охрид, Штип и Виница, – 6 Скопје-Петровец, Тетово, Куманово, Струмица, Прилеп и Демир Капија, – 5 Скопје- Зајчев Рид и Кавадарци, – 2 Дојран и -1 во Гевгелија.
На Маврови Анови висината на снежната покривка достигна 64 сантиметри, 42 во Лазарополе, 36 во Крушево, а во Пожаране 7 сантиметри.
Управата за хидрометеоролошки работи за денеска најавува претежно сончево време со слаб до умерен северен ветер. Максималната температура ќе биде во интервал од -1 до 8 степени. Во Скопје претежно сончево со слаб северен ветер. Температурата ќе достигне до 5 степени.
Во наредните денови следува период на стабилно и суво време. Утринските температури ќе бидат ниски и во следните два дена на повеќе места ќе се спуштат помеѓу -10 и -5 степени, а од петок температурите ќе бидат во постепен пораст.
За време на викендот, особено во утринските часови по одделни котлини ќе има услови за појава на магла.