Еден од најдобрите фудбалери на сите времиња, Диего Армандо Марадона направил многу глупости, но последната не може да се мери со ништо.
Тој објавил фотографија по пластична операција, со која делумно му е изменет личниот опис.
54-годишниот Диего, кој е во врска со 20 години помладата Росио, се одлучил на ваков чекор за да ги отстрани подочниците и да ја омекне кожата.
Аргентинските медиуми шпекулираат дека го направил тоа за да изгледа помладо за својата девојка.