Дојава за бомба во Жупанискиот суд во Загреб

Дојава за бомба имало утрово во Жупанискиот суд во Загреб, поради што вработените и посетителите го напуштиле објектот.

Полицијата врши контрола во зградата, јави Хрватската радиотелевизија, пренесува МИА.

Дојавата за поставена бомба била во девет часот и 20 минути, а само неколку минути пред тоа е одложен почетокот на судењето на претседателот на управата на унгарската нафтена компанија МОЛ, Жолт Хернади.

Тој е обвинет дека го подмитил поранешниот премиер Иво Санадер за да му ги отстапи управувачките права во хрватската компанија ИНА.