
Тимот на Бостон Селтикс со фантастичен пресврт во последната четвртина, во која анулираше 14 поени разлика, успеа да слави против Атланта Хоукс со 89:88.
Еван Тарнер беше херојот на “селтикси” откако погоди за два поени пред звукот на сирената, со што донесе победа за својот тим, а на Атланта и го нанесе 11-от пораз во сезоната.
Во домашниот состав се истакнаа Џаред Синглер со 17 и Маркус Торнтон со 14 постигнати поени. Во редовите на Атланта, најрасположен за игра беше Ал Хорфорд кој уфрли 22 поени, додека Демар Керол додаде 14.
Нашиот Перо Антиќ имаше потпросечна партија на гостувањето во Бостон, па така за 11 минути игра поминати на паркетот успеа да постигне еден поен од слободно фрлање (0/1 за два, 0/1 за три и 1/2 слободни фрлања) и да забележи два дефанзивни и офанзивни скока.
НБА Резултати:
Орландо – Њујорк 89:83
Бостон – Атланта 89:88
Детроит – Сан Антонио 87:104
Торонто – Вашингтон 95:93
Кливленд – Мајами 113:93
Милвоки – Сакраменто 111:103
Минесота – Голден стејт 91:94
Њу орлеанс – Индијана 93:106
Оклахома – Мемфис 105:89
Далас – Јута 87:82
Портланд – ЛА Лејкерс 102:86
ЛА Клиперс – Хјустон 110:95