Времето денеска ќе биде претежно сончево со слаб до умерен ветер од северен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 0 до 8 степени.
Продолжува периодот на стабилно и суво време. Утринските температури и понатаму на повеќе места ќе бидат под нулата.
За време на викендот во утринските часови по одделни котлини ќе има услови за појава на магла.