Се санира косината на минор коритото на Вардар

Екипите на ЈП „Улици и патишта“, по налог на Град Скопје, го санираа минор коритото на реката Вардар, на левата косина, во близина на мостот „Тодор Александров“.

sanacija - minor korito Vardar (2)Од Град Скопје соопштуваат дека за санација на минор коритото на реката Вардар екипите на ЈП „Улици и патишта“ вградиле околу 20 кубни метри камен измешан со речен песок и земјен материјал, којшто потоа машински и рачно е подреден за да се стабилизираат косините на  коритото.

„Според планот за работа, за да се подобри функцијата и за да се разубави кејот на реката Вардар, напролет се планира коритото на реката да се дооформи со бетонирање на предниот дел, а во горниот дел да се уреди тревната површина“, информираат од градот.

Инаку минор коритото на реката претходно било оштетено од несовесни граѓани кои го украле камениот материјал, а со обилните врнежи од дожд изминативе денови косината дополнително се оштети.