Каменувано такси возило во Скопје, патниците претепани

Такси возило вчера било каменувано, а патниците претепани од страна на група непознати лица на булеварот „Јане Сандански“.

Групата разбојници со контејнер му го попречила патот на возилото, а потоа го каменувала, при што било скршено ветробранското стакло.

По ова, непознатите лица ги нападнале патниците, нанесувајќи му телесна повреда на В.Н(18).

По преземени мерки од страна на СВР Скопје приведени се три лица Н.Т.(16), С.Ц.(16) и С.Н,(17) сите од Скопје, по целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Се преземаат мерки за утврдување на идентитетот и на други лица учесници во насилството.