
Во Истанбул избувнаа нови протести, што беа неутрализирани од страна на полицијата. Причина за новите демонстрации е новиот закон кој предвидува воведување на цензура на Интернетот, пишува „Комерсант“.
Ситуацијата за властите станува по напната, а експертите велат дека ова е најсериозната криза во текот на 11-годишното владеење на исламистите од Партијата на правдата и развојот на Реџеп Таип Ердоган. За премиерот тоа е особено непријатно, бидејќи доаѓа времето предвидено за избори, за локалните органи на власта во март и за претседател во август.
Кризата во земјата може да го принуди актуелниот премиер Ердоган да ја повлече својата кандидатура од претседателските избори, коментира весникот.