Пијан прилепчанец претепал полицајци

Дваесет и деветгодишниот А.К. од Прилеп доби кривична пријава бидејќи нападнал полицајци на должност.

Тој под дејство на алкохол по обидот да влезе во домот на поранешната сопруга нападнал двајца полицајци удирајќи ги со тупаници во пределот на главата и телото, по што истите се здобиле со видливи повреди.