„Алфа“: СДСМ ги снима новинарите

За време на последната прес-конференција во седиштето на СДСМ, додека сите камери беа вперени во опозицискиот лидер Зоран Заев, една ги снимаше новинарите. Вработен во партијата со мала рачна камера ги ловеше движењата на медиумските лица и нивните меѓусебни разговори, пренесува Алфа.

На реакцијата од Алфа телевизија, зошто се снимаат новинарите, нивната контрареакција беше: Што е се плашите? Но, потоа се правдаа дека снимките се за внатрешна употреба и нема никаде да бидат објавени.

Ова не е прв пат опозициската партија да се конфронтира со новинарите.  Досега неколкупати одбивале да одговорат на прашања од одредени медиумски куќи и новинари.