Борбени авиони на Велика Британија вчера пресретнале два руски бомбардери во близина на брегот на Корнвол, пишуваат британските медиуми, пренесува МКД.мк.
Портпаролот на министерството за одбрана изјавил дека ловците биле кренати во воздух откако во близина на воздушниот простор на Велика Британија биле забележани руски воени авиони.
„Руските воени авиони имаа придружба сѐ додека не ја напуштија интересната зона на Велика Британија. Руските авиони во ниеден момент не го нарушија нашиот воздушен простор“, изјавил портпаролот за британски Телеграф.
Руските медиуми, пак, јавуваат дека авионите потоа биле следени од германски ловци, сѐ додека на ја минале руската граница.
Неколку часа подоцна руските авиони безбедно слетале во Саратовската област, јавува ТВ Звјозда.