Во близина на границата со Камерун во севроисточна Нигерија армиски сили на Чад вчера ликвидирале 207 припадници на радикалната група Боко Харам.
Армијата успеала да заплени и големо количество оружје и муниција на екстремистите.
Во акциите загинал еден војник на Чад и деветмина се ранети. Армиски сили на Чад од јануари учествуваат во операции против единици на Боко Харам во Камерун, Нигер и Нигерија.