
По паузата поради Олстар викендот, кошаркарите на Вашингтон никако да забележат победа. Тие утринава беа поразени на домашен терен од Голден Стејт со 107:114, што е нивни четврти последователен пораз.
Стеф Кари беше предводник кај гостите со 32 поени, на кои додаде и 8 асистенции. Солидни партии пружија и Клеј Томпсон со 17 и Морис Спејтс со 16 поени.
Кај домашните најмногу се истакна ветеранот Пол Пирс со 25 постигнати поени.
Кливленд на гостински терен го совлада Детроит со 102:91, забележувајќи го 17-тиот триумф на последните 19 натпревари.
Кевин Лав беше најефикасен во победничкиот тим со 24 поени, а Леброн Џејмс беше на чекор до трипл-дабл откако натпреварот го заврши со 19 поени, 7 скокови и 11 асистенции. “Кралот Џејмс” на овој меч сруши уште еден рекорд и тоа по бројот на асистенции. Леброн сега има 6142 асистенции во кариерата и изби на првото место на листата на асистенти во конкуренција на крилни играчи престигнувајќи го легендарниот Скоти Пипен.
Резултати НБА:
Вашингтон – Голден Стејт 107:114
Детроит – Кливленд 93:102
Оклахома Сити – Индијана 105:92
Далас – Торонто 99:92.