
Непознат сторител вчера и завчера со употреба на физичка сила и подесен алат влегол и ги ограбил црквите „Св. Јован Крстител“ и „Св. Јован Богослов“ во Битола.
Како што соопшти МВР во црквата „Св. Јован Крстител“, извршена е тешка кражба, при што се одземени прибор и масло за јадење со што се стекнал со противправна имотна корист од околу 6.000 денари, а причинета е материјална штета од околу 3.000 денари.
Се преземаат мерки за откривање на сторителот.